ПРОТИВ ПРОЛЕТНА АЛЕРГИЈА

Сподели

jaНамирници кои имаат антифинламаторно дејство, богати со антиоксиданси и пробиотици можат да му помогнат на организмот подобро да се справи со алергените кои се појавуваат на пролет. Резултатот може да биде со помалку кивање, помал сврабеж, пецкање и гушење

Јогурт, кефир и јогурт од кокосово млеко.

Можеби не сте знаеле дека пробиотиците освен што помагаат при варење на храната, ги намалуваат и алергиските реакции. Истражувањето кое е објавено во магазинот  Clinical and Experimental Allergy, потврди дека кај луѓето кои патат од алергија, при консумација на пробиотски напиток нивото на антителата кои ги поттикнуваат алергиските реакции се на многу пониско ниво.

Јаболки

Уште една добра страна на ова извонредно овошје е тоа што е богато со кверцетин (биофлавоноид, кој исто така го има во лукот, зелката и карфиолот), кој ги спречува ќелиите на имуналниот систем да лачат хистамин. Според некои анкети, се чини дека жените кои консумирале јаболки во текот на целата бременост, го намалиле ризикот на нивните деца, да бидат осетливи на алергија и помал е случајот на децата со вродена астма.

Куркума

Истражувањата покажале дека активната состојка на куркумата може да го блокира ослободувањето на хистаминот, а со тоа и симптомите на алергијата. Додадете во исхраната куркума, било да е во супа, во варено јадење, чај или салата.
Семки од тикви

Семките од тиквите се богати со магнезиум и само ¼ кафена шоља обезбедува дневна потреба. Овој минерал ги опушта мускулите и помага при отворање на дишните патишта. Истражувањето врз животните, покажало дека недостиг од овој витамин доведува до зголемување на хистаминот во организмот. Бадемите, сончогледот, овесот, брокулите и црното чоколадо исто така се богати со магнезиум.
Ленено семе

Лененото семе е многу добар извор на омега 3 масни киселини. Едно од истражувањата во Германија, објавено во списанието European Journal of Clinical Nutrition покажало дека високото присуство на омега 3 масни киселини во исхраната или во црвените крвни зрнца е поврзано со ризикот од поленска алергија. Внесот на овие киселини допринесуваат за здраво срце, подобро паметење и подобро расположение.