Пуштена во употреба нова пречистителна станица во н.м Илинден

Сподели

 

Денес во функција е пуштена нова пречистителна станица во населеното место Илинден, која е со капацитет од 1300 еквивалент/жители и ќе опслужува приближно 330 домаќинства.

Овој капитален проект е во рамки на програмските активности за изградба на фекална канализација со пречистителни станици, што претставува еден од нашите главни приоритетни проекти во служба на граѓаните.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, во присуство на претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски истакна дека на овој начин се унапредува животната средина и квалитетот на живот на граѓаните.

 

 

– Ја пуштаме во употреба пречистителната станица во населено место Илинден со еквалент на 1300 жители којашто ќе ги задоволува потребите на околу 330 домаќинства, пречистителна станица која се градеше овој период од стана на Општина Илинден како инвеститор. На оваа пречистелна станица покрај домаќинствата, дополнително се приклучени и стопанските објекти од локалната економска зона Ограѓа во н.Илинден како и новозграденото основно училиште Гоце Делчев. На овој начин директно придонесуваме во унапредување и заштита на животната средина како и во подобрување на условите и квалитетот на живот на граѓаните на општина Илинден, рече градоначалникот Александар Георгиевски.

Вкупната вредност на овој проект изнесува 11.000.000 денари средства обезбедени од буџетот на општина Илинден.