Работна средба на Град Скопје и УНДП за политиките клучни за развој на локално ниво

Сподели

 

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и Постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Амбасадор Армен Григорјан, одржаа работна средба на која учествуваа 40 претставници на Град Скопје и УНДП, со цел дискусија за политиките клучни за развој на локално ниво чија имплементација следи.
 
 
 
 
 
Претставниците од Град Скопје и јавните претпријатија ги презентираа тековните градски активности и проекти, како и идните планови, додека претставниците од УНДП ги презентираа областите со можност за заедничка реализација на проекти за соработка, со фокус на заштитата на животна средина како и проекти насочени кон инклузивен и одржлив развој на локално ниво.
 
Можностите за интензивирање на меѓусебната соработка преку заедничка реализација на проекти и конкретни иницијативи за подобрување на животот на граѓаните, се дискутираа со присутните регионални експерти, со цел градење на севкупните капацитети на Град Скопје преку проекти чиј фокус е делување за овозможување циркуларна економија.