Расчистен “Канео” од расфлана големa количина на отпад од посетителите

Сподели

 

Членовите на Планинската спасителна служба при Црвен крст, Охрид во координација со екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ спроведоа акција за расчистување на карпестиот и тешко пристапен дел во месноста „Канео“, каде што во текот на изминатите денови, од страна на несовесни посетители беа расфлани големи количини на отпад.

 

 

Општина Охрид упатува апел до гостите кои престојуваат во Охрид да се однесуваат одговорно, да не ја загадуваат околината и отпадот да го депонираат соодветно.