Врховен суд: Расправа по жалбата на СЈО за замрзнување на имотот на ВМРО ДПМНЕ

Сподели

Врховниот суд денеска ќе одржи расправа по барањето на СЈО за замрзнување на имотот на ВМРО-ДПМНЕ.

Ова барање на Специјалното јавно обвинителство беше одбиено од скопскиот кривичен суд.

0СЈО бара замрзнување на имотот на ВМРО-ДПМНЕ врз основа на случајот „Талир“, обвинение за нелегално финансирање. До Врховниот суд СЈО поднесе барање за заштита на законитоста.

СЈО во мај поднесе две барања до Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 за обезбедување на имотот на ВМРО-ДПМНЕ, односно за определување на привремена мерка – забрана за отуѓување и оптоварување на дел од недвижен имот кој потекнува од извршено кривично дело. Кривичниот совет во двата наврати го одби барањето на СЈО. Последната инстанца каде можеше да се обрати СЈО е Врховниот суд.