Реформскиот план 3-6-9 на владата денеска ќе се расправа на седница на комисијата за европски прашања.
Планот 3-6-9 ги означува мерките и активностите што треба да се спроведат во наредните три, шест, девет месеци за придвижување на евроинтегративниот процес.
Во овој план се опфатени реформите кои владата ќе ги спроведува во претстојниот период од 3 месеци односно до одржувањето на локалните избори, а во меѓувреме паралелно се работи и на допрецизирање на мерките кои треба да се реализираат во наредните 6 и 9 месеци.
Во собранието седници ќе одржат и комисиите за прашања на изборите и именувањата, за здравство, за транспорт, врски и екологија како и законодавно-правната комисија.