“Време е работите да се придвижат. САД сака да работи со сите политчки партии во Северна Македонија и мораме да видиме разумни напори. Усвојувањето на Законот за јавно обвинителство треба да се донесе и ја поттикнувам опозицијата да се придвижи во таа насока – денеска истакна помошникот државен секретар за Европа и Евроазија на САД, Филип Рикер, на прес-конеренцијата со премиерот Зоран Заев.
“За македонската иднина е важно владеењето на правото „бидејќи јавноста очекува истрагите да продолжат, да се покаже дека владеењето на правото се применува и дека никој не е над законите“.
„Како и во секоја вистинска демократија улогата на опозицијата е клучна, опозицијата мора мора да биде конструктивна. Времето за игри е поминато, време е работите да се придвижат за доброто на земјата. Времето да се задржува ова од страна на опозицијата треба да заврши и се надевам ќе имаат конструктивен пристап. Мора да видиме разумни напори, закон за Јавното обвинителство мора да се придвижи, а неговото усвојување сега значи дека тоа повеќе нема да биде ‘прашање‘ и ЕУ ќе може да ги отвори пристапните преговори наесен“, рече Рикер.
Тој додаде дека Северна Македонија преку Договорот од Преспа покажа пример за храбри решенија на проблемите и способност за придвижување напред кон позитивна и светла иднина.
Тој очекува наскоро на Самитот во Лондон земјава да стане 30-та членка на НАТО, а очекува на есен да го добие датумот за преговори со ЕУ. САД, како што рече, иако не се дел од ЕУ, постојано и даваат поддршка на Северна Македонија на тој пат, но и на билатералните средби со земјите-членки ги поттикнуваат есенва државата да го добие долгоочекуваниот датум за преговори.