Малопродажната цена на Еуросупер БС-95 и Еуродизел (Д-Е V) од ноќеска се намалува за еден денар по литар, додека Еуросупер БС-98 поевтинува за половина денар по литар, информираат од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.
Од полноќ на бензинските станици низ земјава Еуросупер БС-95 ќе се продава за 109 денари за литар, Еуросупер БС-98 ќе чини 111,5 денари за литар, додека дизелот ќе може да се набави за 109 денари за литар. Малопродажната цена на мазутот се намалува за 0,986 денари за килограм и од ноќеска ќе чини 53,305 денари за килограм. Цената на екстра-лесното масло за домаќинство не се менува и тоа и понатаму чини 109 денари за литар.