Романија официјално го презеде претседавањето со ЕУ

Сподели

На Свечената церемонија која се одржа во Букурешт, Романија синоќа официјално го презеде претседавањето со Европската Унија.

Романија го презеде претседавањето со Европската Унија од Австрија, која претседаваше претходните шест месеци.

На церемонијата присуствуваа високи домашни политички претставници и првите политичари од Брисел, претседателот на ЕК, Жан-Клод Јункер, претседателот на ЕП, Антонио Тајани, претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск.

Претседателот на Романија, Клаус Јоханис, изјавил дека неговата земја ќе работи за единствена и силна ЕУ, нагласувајќи дека во моментов најголеми предизвици се брегзитот, миграциите и прашањето за безбедноста.