РОМАНИЈА: Продолжуваат масовните протести со барање за оставка на владата

Сподели

Вчера илјадници Романци одржаа протест, 27. ноќ по ред, а учесниците формираа знаме на Европската унија, во знак за поддршка на Унијата, пренесува МИА.

На плоштадот „Викторија“ во Букурешт се собраа илјадници лица со цел да протестираат против актуелната романска Влада, а демонстрантите извикуваа „оставка“ и „крадци“, а потоа со нивните тела го формираа грбот што се наоѓа на знамето на ЕУ.

За време на протестите полицијата ги затвори патиштата што водат до плоштадот каде се наоѓа зградата на Владата на Романија.

Граѓаните на Романија секоја ноќ протестираат откако Владата ја освои уредбата за декриминализација на случаи за корупција.

Уредбата подоцна беше повлечена, а поради целата ситуација министерот за правда поднесе оставка.

Меѓутоа, граѓаните на Романија бараат оставка на целата Влада.