Руските експерти почнале да работат на нови елементи на „Баргузин“, борбениот железнички ракетен комплекс наменет за транспорт и лансирање на стратигиски нуклеарни проектили, јавува Спутник. Дел од експертите сметаат дека тоа е одговор на комплексниот систем за заштита од балистички проектили на НАТО, кој се поставува во Полска, Романија и Германија.
Руските оружени сили би можеле да добијат пет вакви системи со интерконтинентални термонуклеарни проектили до 2020 година. командантот на образовниот оддел на стратегиските ракетни сили Виктор Несторов на крајот на февруари изјави дека новата генерација возови кои лансираат нуклеарни ракети ќе влезе во воена служба во 2020 година.
Руските воени експерти сметаат дека системот е силна противтежа на балистичката антиракетна одбрана на НАТО, која се поставува во Европа.
Рускиот БжРК изгледа како кој било товарен воз, а ракетниот систем може да мине до илјада километри на ден.
Првите системи БЖРК влегоа во служба во советската војска во 1987 година, но беа целосно исфрлени од употреба во 2007 во рамки на договорот СТАРТ 2 меѓу САД и Русија.
Секој воз „Баргузин“ ќе биде вооружен со по шест интерконтинентални проектили РС-24 јарс, кои можат да се лансираат за само неколку минути. Би требало да бидат опремени и со напредни системи за електронско војување и со софистицирана стелт (невидлива) технологија.