Руските гранатирања остави 10 милиони граѓани на Украина без струја

Сподели

 

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека 10 милиони граѓани на Украина се оставени без струја поради руските гранатирања на енергетската инфраструктура, при што најпогодени се регионите Кијив, Одеса, Виница и Суми, пренесува Гардијан. Поради недостатокот на струја, во бројни населени места не функционира и снабдувањето со вода за пиење.

Извештаите кои пристигнуваат од цела Украина говорат дека руската агресија вклучува од гаѓање на електропреносна мрежа што ја снабдува со струја нуклеарната електрана во Хмељницки до напади врз трафостаници, хидроелектрани, термоелектрани и опрема за вадење на гас во Харкивскиот регион.

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) усвои трета резолуција со која бара од Русија под итно да ги прекине сите активности и напади врз украинските нуклеарни електрани. МААЕ критикува за притисоците што ги врши Русија врз персоналот во нуклеарната електрана во Запорижја, како и прекините во снабдување со електрична енергија кон електраната. Воедно, МААЕ го осуди ракетирањето на електропреносната мрежа на нуклеарната електрана во Хмељницки на 15 ноември, кое предизвика исклучување од напојување со струја на електраната, по што енергетскиот капацитет морало да продолжи со работа на дизел генератори, јавува Укринформ.

Во вчерашното ракетирање на градот Вилњанск во регионот Запорижја загинаа најмалку девет цивили. Украинските власти велат дека руските ракети погодиле станбени згради, обвинувајќи ја Русија за терористички напад. Воедно, во градот Херсон загина најмалку еден цивил како последица на руското гранатирање, јавува Укринформ. Во Донецкиот регион најмалку еден цивил загина, а четворица се повредени во градот Бахмут, пренесува Укринформ./Мета.мк