Санкционирани 245 возачи за брзо возење

Сподели

 

Во текот на вчерашниот ден (27.12.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 245 возачи. Од нив 18 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 129 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 116 надвор од населено место.
 
МВР апелира сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заедничким да придонесеме за побезбедни патишта.