Санкционирани 45 возачи на мотоцикли, 32 без заштитна кацига

Сподели

 

Во текот на вчерашниот ден, спроведена е акциска контрола на територијата на државата, за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 45 возачи.

Од нив, 32 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, седум возеле без возачка дозвола… За време на контролата санкционирани се и 86 други видови на сообраќајни прекршоци.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.