Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на државата за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 259 возачи.
Од нив 11 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното.
Притоа 155 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 104 надвор од населено место.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.