Санкционирани се 294 возачи за брзо возење

Сподели

 

Во текот на вчерашниот ден, Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 294 возачи.

Од нив 15 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволената брзина, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Притоа 156 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 138 надвор од населено место. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.