Соопштение на СДСМ:
Неопходно е во периодот што престои максимална одговорност од сите за да се овозможи формирањето на новата Влада што е врвен државен интерес.
На граѓаните им е потребна стабилност, потребен им е квалитетен живот и перспективи што ќе им ги отворат евро-интеграциите, а тоа ќе го овозможи новата реформска Влада.
Ова е важно за сите граѓани, независно од нивната политичка, етничка или каква било друга припадност.
Парламентарното мнозинство ќе ја реализира својата обврска пред граѓаните, да ја формира новата Влада којашто ќе ги реализира потребните реформи во граѓански и државен интерес.
Тој процес е почнат со изборот на новиот собраниски претседател. Пред граѓаните и пред Ѓорге Иванов ќе биде реафиримирана и определбата на мнозинството за унитарна Македонија, кое
што ќе работи согласно Уставот и на евро-атлантска иднина на државата.
Мора да се прекинат сите лаги во врска со некакви закани по националните и државните интереси, со коишто Никола Груевски за лични интереси ги вознемирува граѓаните.
Иванов е должен да постапи согласно уставните обврски кон граѓаните и да се издигне над личните интереси на Груевски.
Тоа треба да го направи и ВМРО-ДПМНЕ, којашто има исто така обврска пред граѓаните да биде конструктивна опозиција и да ги поддржи реформските процеси, за да може земјата да се придвижи напред.
Доста е од криминали, поделби, изолација, реваншизми, насилства.
Граѓаните повевеќе не смеат да бидат заложници на овие деструктивни политики.
Тие гласаа за нов начин на водење на државата, за одговорни политичари, за интегративни политики, за држава во којашто секој ќе се чувствува безбедно и заштитено и во којашто мора да функционира правдата.
Парламентарното мнозинство е подготвено да работи во интерес и за доброто на сите граѓани. Но пред се, без одложување мора да биде овозможено да ја формира новата Влада.
Тоа ќе се случи.
Повикуваме сите да се вклучат во демократските процеси што носат живот и напредок.