Се запали авион на “Singapure Airlines”, евакуирано 241 лице

Сподели

thumbs_b_c_de712c4bf028a4f84ff48fc8c8c42d8a

ЏАКАРТА (АА) – Патнички авион на “Singapure Airlines” по принудното слетување на аеродромот Чанги во Сингапур се запали, јавува Anadolu Agency (AA).

Како што јавува сингапурскиот Channel NewsAsia Боингот 777-300 ER полетал кон Милано, Италија, меѓутоа поради технички дефект, два часа по полетувањето морал да се врати на аеродромот Чанги.

Поради течење на гориво од моторот, кратко по принудното слетување авионот се запалил.

Евакуирани се 222 патници и 19 членови на екипажот. Повредени нема.

Претставници од аеродромот Чанги соопштија дека противпожарните екипи успеале да го изгаснат пожарот по десетина минути.