Сеад Кочан на 17. јули во затвор на издржување на затворска казна од 4,8 години

Сподели

 

Сеад Кочан на 17. јули треба да се јави на издржување на затворската казна за случајот „Труст“.

Упатниот акт веќе му е доставен на Кочан, информираат од Кривичниот суд.

Апелацискиот суд на Кочан му ја намали казната од 6 на 4 години и 8 месеци, а Василије Авировиќ наместо ефективен затвор, му е заменета за условна казна.

Кочан, управител на компанијата „Трансмет“ беше осуден бидејќи со лажни документи учествувал и добил тендери за ископ на јаглен и јаловина во РЕК „Битола“ на АД ЕЛЕМ вреден 17 милиони евра.