Семејството Николовски донираа современ апарат за Клиниката за детски болести

Сподели

 

Универзитетската клиника за детски болести на својот официјалнен фб профил објавија дека семејството Николовски го донирале најавениот апарат за мерење на контрацепција на крвта.

“Каде постои љубов, постои и хуманост. Семејството Николовски, кои неодамна правеа свадба дел од сумата која ја добиле за подарок ја донираа за децата во болница. Тие на Клиниката за детски болести донираа современ апарат за мерење на концентрација на кислород во крвта кој е неопходен за дијагностика кај децата особено со белодробни заболувања.”

Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски, заблагодарувајќи им се на сите кои беа гости на нивната свадбена веселба, пред неколку недели изјави дека одлучиле дел од добиените подароци, да ги донираат на амбулантата за детска клиника во Скопје.