Сенароден протест на Ромската заедница против дискриминаторските политики на Градот Скопје

Сподели

 

Ромската заедница денес ќе одржи протест пред Град Скопје поради систематското игнорирање на Општина Шуто Оризари од страна на Советот и раководството на Градот.

Под слоганот „Шуто Оризари – Заборавена општина!“, граѓаните ќе го искажат своето незадоволство од недостатокот на паркови, зелени површини и булевари во Шуто Оризари, проблемот со нередовни линии од јавниот превоз и стари автобуси, како и недоволниот број на вработени Роми во градската администрација.

Организаторите ги повикуваат граѓаните, граѓанските здруженија, политичките субјекти, бизнис секторот и секој граѓанин кој е засегнат од прашањата кои се интерес на протестот да им се придружат.

„Очекуваме пораките, потребите и барањата кои ќе бидат пренесени пред Град Скопје да бидат сериозно слушнати и вметнати итно во градските политики на град Скопје кои ќе бидат преточени во реализирани проекти во Општина Шуто Оризари и во сите скопски населби каде што живее ромската заедница“, велат организаторите.

Протестот ќе започне во 18 часот во паркот кај големата џамија во Шуто Оризари, а ќе продолжи кон Град Скопје во 19:30 часот.