Шефицата на шведската дипломатија го потпиша барањето за влез во НАТО

Сподели

 

Шефицата на шведската дипломатија, Ан Линде денеска го потпиша барањето за влез во НАТО.

Бидејќи руската инвазија на Украина предизвикува радикален развој на европската безбедност и геополитика, оваа акција го означува формалниот чекор на Стокхолм кон приклучување во воениот сојуз предводен од САД, ставајќи крај на децениската воена неутралност.

Шведската министерка за надворешни работи изјави дека „чувството е многу добро и многу сериозно“.

– Се чини дека дојдовме до заклучок што е најдобро за Шведска. Не знаеме колку време ќе потрае, но сметаме дека може да потрае и до една година. Сега, оваа недела, апликацијата ќе биде поднесена, заедно со Финска, а потоа треба да ја процесира НАТО, додаде Линде.

И шведската премиерка Магдалена Андерсон рече дека земјата треба да се приклучи на НАТО заедно со соседна Финска за да ја обезбеди безбедноста на шведскиот народ.