Шекеринска-Волис: Потпишан нов Договор за соработка во одбраната со Обединетото Кралство

Сподели

 

Министрите за одбрана на Македонија, Радмила Шекеринска и на Обединетот Кралство, Бен Волис потпишаа нов Договор за соработка во одбраната, документ кој ќе го замени постојниот Договор за билатерална соработка од 2007 година со кој ќе се овозможи уште поблиска и посеопфатна соработка помеѓу две пријателски и сојузнички земји и армии.

Двете држави имаат исклучително интензивна соработка во областа на одбраната особено во доменот на одбранбената политика, мировните операции, обуките и вежбите, а во последните неколку години и во делот на советодавната помош во развојот и реформите на одбранбениот сектор, имплементацијата на Стратегискиот одбранбен преглед и развојот на Лесната пешадиска баталјонска група, како единица декларирана во рамките на Алијансата.