„Девет години се боревме за Дрисла. Девет години Дрисла беше криминализирана, а ние ја вративме Дрисла во Град Скопје, ја вративме на граѓаните. Да ве потсетам само, порано не се знаеше што се депонира, кој депонира, дали има опасен отпад, што се гори, сето тоа беше контроверзно што важеа во јавноста до пред две години.
Кога Градот ја стави својата рака, односно ја направивме јавно претпријатие, успеавме да го ликвидираме долгот што го наследивме, успеавме да изградиме нов инселератор за медицински отпад, добивме грант за преработка на шутот, така што нема да се создаваат депонии од шут, бидејќи граѓаните бесплатно ќе го носат таму, а потоа ќе се преработува во градежен материјал. Работите што беа како аномалии, сериозно се санирани, а конечно градот е стратешки добро поставен“, вели Шилегов во гостувањето во Дневникот на Сител ТВ.
Локални избори 2021, Петре Шилегов