Швајцарија, во Ленс ја совлада Албанија со 1:0 во вториот натпревар од 1.коло на А-групата на Европското првенство во Франција.
Победничкиот гол беше дело на Фабијан Шер уште во 5. минута од натпреварот.
Дебитантот на евро-шампионатите, Албанија, му пружи силен отпор на фаворитот, иако речиси еден час играше со фудбалер помалку поради исклучувањето на капитенот Лорик Цана поради два жолти каротна.
Во оваа група, домаќинот Франција синоќа на отворањето на ЕП ја совлада Романија со 2:1.
Покрај оваа средба на вториот ден од ЕУРО 2016 се играат и натпреварите од првата рунда во Б-групата.
The post Швајцарија ја победи Албанија со 1-0, во дербито на групата А appeared first on Спорти.
Source: Sporty