Раководството на ДУИ денеска во Мала Речица ќе расправа со какви позиции ќе настапи пред преговорите на партискиот лидер Али Ахмети, со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски за идна владина коалиција, јавува 24 Вести.
Според неофицијални информации, партијата ќе ги анализира сите опции, од тоа дали да одат во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ или со СДСМ, но и можноста да предложат техничка влада или пак да станат опозиција.
Ќе се анализираат и последиците што би ги претрпела партијата во зависност од одлуката што ќе ја донесат.