Собранието денеска избира заменици министри

Сподели
Собранието на Република Македонија денеска ја продолжува петтата седница на која точка на дневен ред е изборот на заменици  министри на Владата.
Оваа точка по барање на пратеникот Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ, беше поместена како последна на дневниот ред на седницата со цел пратениците да имаат повеќе време да се подготват за дебата.
Пред расправатаза изборот на заменици министри, пратениците во македонското Собрание ќе ги разгледаат годишните извештаи на неколку институции, а ќе дебатираат и за граѓанската иницијатива за донесување на закон за изменување на Законот за работни односи со која се бара продолжување на породилното отсуство.