Селекторот на Австријската фудбалска федерација, Марсел Колер го откри составот за престојното Европско првенство во Франција 2016.
Австрија е потенцијално пријатно изненадување, има млад тим, кој е желен за докажување.
Ова ќе биде само втор пат Австрија да игра на едно Европското првенство, а првиот беше во 2008 година, кога тие беа домаќини.
Голмани: Роберт Алмер (Австрија Виена), Хајнц Линднер (Ајнтрахт Франкфурт), Рамазан Осчан (Ингоштад).
Одбрана: Александар Драговиќ (Динамо Киев), Кристиан Фукс (Лестер Сити), Горг Гарикс (Дармштад), Мартин Хинтерергер (Борусија М.), Флоријан Клајн (Штутгард), Себастијан Продл (Вотфорд), Маркус Сутнер (Ингоштад), Кевин Вимер (Тотенхем).
Среден ред: Давид Алаба (Баерн Минхен), Марко Арнаутовиќ (Стоук), Јулиан Баумгарлингер (Мајнц), Мартин Харник (Штутгард), Стефан Илсанкер (Р.Б. Лајпцих), Јакоб Јаншер (Лузерн), Златко Јонузовиќ (Вердер Бремен), Валентино Лазаро (Р.Б. Салзбург), Марсел Сабитзер (Р.Б. Лајпцих), Алесандро Шопф (Шалке).
Напад: Марк Јанко (Базел), Рубин Окоти (1860 Минхен), Лукас Хинтересер (Ингоштад).
Австрија на ЕУРО 2016 се наоѓа во групата Ф заедно со Португалија, Исланд и Унгарија.
The post Составот на Австрија за ЕУРО 2016 appeared first on Спорти.
Source: Sporty