Совет на град Скопје: Расправа за бесплатен јавен превоз во денови на големо загадување на воздухот

Сподели

Советот на градот Скопје денеска како 11 точка ќе расправа за бесплатен јавен превоз во деновите кога ќе има големо загадување на воздухот.

Со оваа одлука Советот ќе го овласти градоначалникот со решенија да го утврдува времетраењето кога ќе почнува и кога ќе завршува бесплатното користење на градските автобуси. Во истата одлука се предвидува и воведување бесплатен автобуски превоз на линијата број 25 од Транспортен центар до средно Водно во викендите и на државни празници. Се предвидуваат и пробни линии од Автомакедонија и од Дом на печат до средно Водно.

Јавното претпријатие Градски паркинг, пак, за време на викендите и на државните празници ќе овозможи бесплатно паркирање во катната гаража „Македонска фаланга“ и на паркингот кај Дом на печат.

Сите трошоци за бесплатните поволности на граѓаните ќе се покријат од буџетот на градот Скопје.