“Се грижиме за подобри животни услови за младите,ја намаливме невработеноста и обезбедивме 15 милиони евра за субвенционирани оброци за 40.000 студенти”, изјави Оливер Спасовски во Куманово
„Вие сте нашата иднина, а ние имаме обврска да ви ги обезбедиме сите европски стандарди и да застанете рамо до рамо со вашите врсници ширум Европа и светот. Да се слуша гласот на младите , да останете да живеете и да работите тука, дома во родниот град“, им порача потпретседателот на СДСМ Оливер Спасовски, кој денеска се сретна со младите во Куманово.
Тој им ги презентираше мерките кои СДСМ ги креира и реализира за подобра иднина на младите . Власта на ВМРО ДПМНЕ ги натера младите масовно да се иселуваат од државата. тие не го слушаа гласот на младите, за нив беше важно само како да ги наполнат џебовите со народни пари, да ги наместат тендерите и да земаат провизии. Затоа СДСМ континуирано креира и реализира мерки и можности за младите во нашата држава, го поттикнува вработувањето со Оперативниот план и Гаранцијата за млади, неповратни средства за млади земјоделци, поддршка за младите лекари, го унапредува образованието и ученичкиот и студентскиот стандард, им кажа Спасовски на младите во Куманово.
,,Со мерките спроведени од институциите предводени од СДСМ стапката на невработеност на младите падна на 29 отсто, од 42 проценти, колку што беше во времето на ВМРО-ДПМНЕ”-потенцираше Спасовски.
Младите знаат дека СДСМ се бори за надминување на сите предизвици, со коишто се соочуваат, ги враќа парите кај граѓаните и обезбедува повисок животен стандард, а ВМРО-ДПМНЕ се бори за нова шанса за лично богатење. Се грижиме за подобри услови за младите – 15 милиони евра за субвенционирани оброци за 40.000 студенти . Општина Куманово во својата програма ќе предвиди финанси за одржување на графит фест за промоција и афирмација на нашите локални таленти. Во програмскиот дел планираме изградба на мултифункционални игралишта како поддршка на младите за рекреација и спортување, детски катчиња низ целата општина, авангарден детски парк, за безгрижно и среќно детство во модерни услови.
„Со Кумановско културно лето, особено кај младите, ќе го поттикнеме интересот за уметноста, создавањето дела и ќе го прошириме дијапазонот на нивните гледиште, преку културни работилници за подигање на свеста на младите за културата, за критичко размислување и стекнување на нови вештини од областа на културата“-им порача потпредседателот на СДСМ Оливер Спасовски на младите во Куманово.