Средба Сиљановска Давкова – Џастин Коулсон, претставничка на УНФПА

Сподели

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими Џастин Коулсон, претставничка на Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) за Босна и Херцеговина, директорка за Албанија, Србија, Северна Македонија и Косовo.

На средбата беа разменети мислења и информации за севкупните активности на агенцијата и соработката со нашата држава.

Претседателката Сиљановска Давкова, изразувајќи благодарност за долгогодишното партнерство, оцени дека напорите на УНФПА за унапредување на репродуктивното здравје, родовата еднаквост и младинскиот ангажман во македонското општество оставија опипливи придовивки за ранливите групи и ги поздрави досега спроведените проекти и иницијативи во соработка со македонската влада.

Претседателката Сиљановска Давкова ја истакна својата посветеност за поддршка на значајната работа на УНФПА и изрази очекување за засилување на партнерството во годините пред нас.