Стоилковски: Мицкоски нема да гласа на референдумот

Сподели

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски изјави дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски нема да излезе на гласање.

“Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во рамките на партискиот став кој овозможува секој да постапи по свое лично убедување одлучи да не гласа на референдумот. Мицкоски смета дека прасањето за референдум е повеќезначно и манипулативно. Во неговата содржина се состои прашање за членство во НАТО и ЕУ што преставува стратеска цел на ВМРО-ДПМНЕ, а во пракса на денешниот референдум се одлучува за штетен договор за преименување на земјава и ништо повеќе, и во таков случај Мицкоски одлучи да не гласа на референдумот, практично апстинирајќи да испрати порака на несогласување и отфрлање на штетниот договор”, изјави Стоилковски.