Стратешкото партнерство со Обединетото Кралство ќе ни донесе инвестиции од 6 милијарди евра

Сподели

Вчера, во Тирана, беше постигната согласност за Заеднички договор за стратешко партнерство со Обединетото Кралство.

“Ова партнерство значи многу повеќе од билатерален аранжман. Ова партнерство кое е архитектура за иднината. И токму затоа ја отвораме вратата за највисоко ниво на соработка со Обединетото Кралство. Во одбраната. Во борбата против организираниот криминал и нелегалните финансии. Во образованието. Здравството. Културата. Младинските политики. Економскиот развој и инвестициите. Овој договор е резултат на месеци сериозна работа помеѓу нашите тимови, а вчера, тој труд се претвора во јасна визија.

Партнерството што го формализираме Ќе придонесе за модернизација на нашите вооружени сили и подлабока интеграција во НАТО стандардите.

Ќе ни овозможи да ја зголемиме безбедноста на границите и да се спротивставиме на трговијата со луѓе и шверцот.

Ќе овозможи најсилна досега економска соработка меѓу двете влади, вклучително и во капитални инвестиции во инфраструктурата и здравството и енергетиката понатаму.

Ќе ја засили соработката во областа на образованието, дигиталната трансформација и иновациите.

Ќе ги поврзе нашите млади, креативни генерации преку културата, науката и новите технологии.

Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство е важен за македонските граѓани. Тој ќе биде основата и фундаментот за инвестициски циклус којшто ќе има вкупна рамка од 5 милијарди фунти, односно 6 милијарда евра, при што дел од овие пари ќе бидат употребени за инвестиции во инфраструктурата, изградба на модерна карго и брза патничка железницата од Табановце до Гевгелија, инвестиции во здравството и нови болници, завршување на проектот на клиничката болница во Штип, заедно со зградата на новиот медицински факултет, студентски дом со капацитет од двестотини легла, изградба на болницата во Кичево заедно со здравствен дом, реконструкција на клиничката болница во Тетово, итн. Во наредните денови ќе се потпишат договори и за овие инвестиции.

Со Обединетото Кралство ние не сме единствено сојузници. Ние стануваме стратешки партнери, а овој документ е патоказ што ќе нè води во годините што следуваат”, изјави премиерот Христијан Мицкоски.