Се бараат ниски цени за електрична енергија, да се компензира скапиот зимски увоз!

Сподели

Државната компанија за производство на струја, ЕЛЕМ повторно ќе увезува електрична енергија. Тендерот е веќе објавен. Се бара струја за периодот од втората половина од март и се до крајот на април. Според објавените податоци – ЕЛЕМ бара 34.950 мегават часа електрична енергија. Но, од државната енергетска компанија се правдаат дека доколку на тендерот не добијат понуда со цена за електрична енергија што ќе биде пониска од цената по која тие ја произведуваат струјата – тогаш увоз нема да има.

„Целта е да се набави електрична енергија што ќе биде по пониска цена од производната  на ЕЛЕМ. На тој начин, ќе се овозможи компанијата во целост да го оптимизира домашното производство во период кога  започнуваат планираните редовни ремонтни активности во РЕК Битола и во период на полнење на акумулациите“, велат од ЕЛЕМ за Фактор.

Сеа, цените на струјата на ерзите се движат од 35 до 38 евра за мегават час.  Додека пак струјата во земјава ЕЛЕМ ја произведува по цена од  41 евро за мегават час.

„Понудите кои се над оваа маргина нема дабидат прифатени“, тврдат од ЕЛЕМ.

Сепак, оттаму додаваат дека доколку увоз нема, нема да има проблем струјата да се произведе во домашните енергетски капацитети. И тврдат дека единствена причина за ваквата одлука била да се набави струја која е поевтина од производната во земјава, и на тој начин да се намали трошокот што се направи, кога во јануари поради испадите на блоковите во РЕК Битола и зголемената потрошувачка се увезуваше скапа струја.

„Со овој потег се очекува во целост да се нивелира трошокот за набавка на електрична енергија во јануари годинава поради огромната потрошувачка на електрична енергија во период на екстремно ниски температури“, додаваат од ЕЛЕМ.

Менаџментот на државните електрани, и натаму останува на ставот дека и покрај зголемените трошоци што во јануари беа направени за дополнителниот увоз на струја, сепак ЕЛЕМ нема годинава нема да бара поскапување на цената на струјата за нивиот дел, и при тоа планира дури и да оствари профит така што ќе извезува струја кога таа ќе биде поскапа на берзите. Тоа ќе биде можно, како то тврдат оттаму, ако сега се увезе струја со пониска цена од произвдната, и во тој период додека се увезува струјата, да се полнат акумулациите за подоцна кога цената на струјата ќе биде повисока од регулираната да извезуваат.

factor.mk