Редакцијата на ревијата за книжевност „Бранувања“ од Струга, во рамките на меѓународната манифестација „Струшки книжевни средби“ – 2019, годинава, по петти пат ја доделува меѓународната награда „Струшко слово“.
Годинешни добитници на наградата „Струшко слово“ се Лидија Капушевска Дракулевска, Мустафа Спахиу и Недељко Терзиќ.
Наградата „Струшко слово“ ќе им биде врачена на завршниот дел на манифестацијата „Струшки книжевни средби“ – 2019, што ќе се одржи од 4. до 6.јули во Струга, Охрид и Вевчани.
Досегашни добитници на наградата Струшко слово се Валерио Орлиќ и Никола Шимиќ Тонин (Хрватска), Ѓорѓе Добре (Романија), Жарко Милениќ (БиХ), Мујо Буќпапај (Албанија), Васил Тоциновски, Виолета Димова, Панде Манојлов и Јордан Ѓорчев (Македонија).
Капушевска Дракулевска, е редовен професор по предметот компаративни поетики на Катедрата за општа и компаративна книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески” во Скопје.
Наградата доаѓа како логична потврда на нејзиниот досегашен ангажман во полето на книжевноста и културата, како во земјата, така и во светот.
Член е на македонскиот ПЕН центар и на Друштвото на писателите на Македонија; на Друштвото за компаративна книжевност на Македонија, на Европската мрежа за компаративни проучувања (REELC/ENCLS) и на Меѓународната асоцијација за компаративна книжевност (AILC/ICLA).
Објавува есеи и студии од областа на книжевната фантастика, толкување на поетски тестови и компаративно проучување на книжевните феномени (македонската литература во европски контекст, имагологија, интеркултурни релации, меморија и уметност). Друштвото на писатели на Македонија, оваа година на Капушевска и ја додели наградата за критика „Димитар Митрев“ за критичко-есеистичката книга „Мозаик од гласови“, објавена 2018 година.
На Мустафа Спахиу, писател, поет, преведувач, новинар и литературен критичар, наградата му се доделува за особени заслуги во неговото творечко дело, прогресивната мисла и за подобрување на културно пријателство во на балканските простори.
Недељко Терзиќ, писател, поет и драмски автор, наградата ја добива за особени заслуги во градењето на непремостивото пријателство меѓу авторите и државите на Балканот и пошироко.
Мустафа Спахиу е современ албански автор поет, писател, новинар, преведувач и литературен критичарод Косово. З
Завршил Педагошка академија (албанска книжевност) во Скопје.
Во литературата дебитирал со поетската творба за деца во 1965 година во весникот за деца Flaka për fëmijët tanë/Пламен за нашите деца. Соработувам со повеќе списанија за деца од просторите на поранешна Југославија. Превел преку 30 книжевни дела на македонски, хрватски, босански, српски, црногорски, турски и албански автори. Автор е на близу 40 свои и преведени книжевни дела .
Член е на друштвото на писателите на Македонија и Член е на Друштвпто на албанските писатели во Македонија и на книжевните друштва во Елбасан и Драч во Албанија.
Недељко Терзиќ живее во Сремској Митровици – Србија. Автор е на бројни книги поезија, проза и драмски текстови.Со поезија и проза застапен е во повеќе од 80 антологии, а избор од неговото книжевно творештво објавувано е во Русија, Германија, Ерменија, Полска, Романија, Бугаријажа, Словенија, Македонија, Србија…
Преведен и препеан е на англиски, германски, јапонски, италијански, француски, грчки, турски, бугарски, романски, полски, македонски, унгарски, руски, ерменски, шведски, шпански, словенечки, украински, литвански, русински, ромски, албански и есперанто.
Член е на Друштвото кна писателите на Војводина и на Друштвото на писателите на Србија.
Веле Митаноски