Струшки книжевни средби: „Книжевна Далга“за Олга Лалиќ-Кровицк

Сподели

c70255b0-f969-422f-9779-1587611fef2a

Со доделувањето на наградите, синоќа во Струга заврши, шестата по ред, манифестација „Струшки книжевни средби – 2016“.

Лауреат на Големата Награда „Книжевна Далга“за 2016 е Олга Лалиќ-Кровицка од Полска, додека Меѓународната награда „Струшко слово“ им припадна на  Виолета Димова (Македонија) и Ѓорѓе Добре (Романија).

Наградите ги доделува Редакцијата на Ревијата за книжевност „Бранувања“.

Покрај во Струга, одделни настани имаше и во Вевчани и Охрид. На Вевчанските извори се одржа Меѓународно поетско матине, а свои песни читаа поети од Македонија, Албанија, Бугарија, БиХ, Полска, Романија, Словенија, Србија и Хрватска.

Поставена беше и изложбата на Христо Петрески – „Луѓе и птици“.

Беседа на тема 155-те години од излегувањето на Зборникот на македонски народни песни (1861-2016) во чест на браќата Миладиновци, одржа Хрвојка Михановиќ Салопек од Хрватска.

Во Спомен домот на браќата Миладиновци во Струга се одржа и настанот „Книжевна Пловидба“.

meta.mk