И денеска во Кривичниот суд во Скопје ќе продолжи судењето за настаните од 27 април минатата година, но истовремено во Собранието пратениците на ВМРО-ДПМНЕ најавија дека ќе го достават предлог-законот за амнестија на сите инволвирани во случајот “27 април”, во кој се обвинети се вкупно 33 лица, од кои 31 за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување.