Судскиот совет го осуди заканувањето на адвокатот во случајот “ТНТ”

Сподели

 

Судскиот совет на РСМ го осудува однесувањето на адвокатот Јовица Страшовски бранител на поранешниот градоначалник на Општина Гази Баба, во случајот ТНТ кој јавно им се заканува на судијата-поротник, претседателот на Основниот кривичен суд Скопје и на претседателот и членовите на Судскиот совет.

На овој начин адвокатот Страшовски покрај улогата на бранител, настојува да ја менаџира постапката во случајот ТНТ, да ја превземе и улогата на судија, спротивно на принципот на владеење на правото чии сегмент е и принципот на судење во разумен рок.

Судскиот совет не може да се меша во менаџирањето со предметите но е заинтересиран постапките да се завршат без одовлекување во разумен рок.

Судскиот совет известува дека барањето на претседателот на Основниот кривичен суд Скопје за продолжување на мандатот на судија-поротник беше ставено на дневен ред на 328-та седница на Судскиот совет од 25.12.2019 година. Дел од точките од дневниот ред беа одложени за 30.12.2019 година. Поради немање кворум за одлучување и потребата материјалите да бидат доставени на увид и проучување на новоизбраниот член на Советот, седницата се одложи за 27.01.2020 година.