Текстот на прозата „Свадбата на Дорќол“ од Томислав Османли е дистрибуиран до интернационалното членство на електронскиот форум “Sefaradimuestro” со седиште во Истанбул.
Станува збор за електронско списание кое го уредува Шаропе Бланко, едновремено и преведувачка, како на овој, така и на неколкуте други раскази на македонскиот автор на Ладино, јазикот на балканските и меѓу нив на македонските Евреи.
Списанието е електронска публикација со бројно читателство, која објавува голем број есеистички, теоретски, историски и литературни прилози што се однесуваат на сефардската култура и идентитет.
Овој расказ на Османли, досега е објавен во Брисел на англиски јазик, а во Белград и на српски јазик.
Томислав Османли е единствениот нееврејски автор од Македонија, чие творештво е објавено на јазикот ладино и тоа повеќе пати досега.