Taчи: Приштина и Белград се согласни дека треба да се продолжи со дијалог

Сподели

Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави дека Белград и Приштина се согласиле дека дијалогот за нормализација на односите треба да продолжи што поскоро под покровителство на шефицата на дипломатијата на ЕУ, Федерика Могерини.

Тачи во интервју за австриската агенција АПА рече дека Белград и Приштина се сложни, и дека не постои алтернатива за дијалогот. Дијалогот ќе биде многу тежок и исцрпувачки за двете страни, но на крај ќе доведе до крај на вековниот конфликт.