Советот на Општина Тетово денеска прогласи тридневна жалост. Советниците им оддадоа почит на сите кои ги загубија животите во пожарот што вчера избувна во тетовската модуларна болница.
Градоначалничката Теута Арифи на прес-конференција изјави дека кога ќе се знаат официјалните информации за жртвите, ќе се помогнат нивните семејства со итниот фонд на општината.
„Сакам да ве информирам дека сум во постојан контакт со сите институции кои треба да ја завршат својата работа, и во секој момент кога ќе добијам потврдени официјални информации, нормално дека истите ќе ги споделам со вас. Сакам да се заблагодарам до сите граѓани, сограѓани на нашата држава, до сите наши пријатели и во регионот и подалеку кои се јавија со понуди за помош да помогнат сите на целата оваа ситуација да ја надминеме што побрзо“, рече Арифи.