Советот на Општина Битола денеска како прва точка на дневниот ред ја имаше Одлуката за распишување референдум на локално ниво, поточно за примање на мигрантите.
Додека течеше дискусијата на советниците, во салата влезе министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска која присуствуваше на седницата, како што рече да види за што разговараат советниците на оваа тема.
-“Јас дојдов да им кажам дека ВМРО ДПМНЕ лаже, шири ксенофобија и лажни вести. Ние неколку пати како влада потенциравме и упатуваме апел дека советницие треба да се одговорни и одговорно да ја користат говорницата и позицијата која ја имаат.
Ниту ќе се населуваат бегалци во Македонија, ниту ќе се градат станови во Македонија. Тоа е јасно нека кажат со кој документ Владата се обврзала да потроши финансиски средства или направила проектни документи за изградба на станови. Тоа се случувало во времето на ВМРО ДПМНЕ кога биле на власт и земале парцела во општина Сарај. Оваа стратегија не се однесува на мигранти, напротив резолуцијата која ја носи собранието е изгласана од мнозинството на ВМРО ДПМНЕ. Ниту се прави нешто против интересите на граѓаните, ниту имаме намера.
Многу е важно да се потенцира дека референдумот е лично право, јас како социјалдемократка, а и владата е предводена од социјалдемократи и ние веруваме во изјаснувањето на граѓаните, за важни прашања на референдум, но ова прашање е лажно прашање, изјави за новинарите министерката Мила Царовска.
„Референдум на истот ден на локалните избори не смее да ни се случува зашто тоа е нарушување на процесот на избор на градоначалник или градоначалничка на Битола“, рече Царовска.