ЦИВИЛ повикува да се пријавуваат изборните нерегуларности

Сподели
ЦИВИЛ – Центар за слобода ги повикува сите граѓанки и граѓани да пријавуваат изборни нерегуларности од секаков вид. Притисоци, закани, уцени, корупција, поткуп, злоупотреба на јавните ресурси или службената положба, кршење на изборниот молк, незаконито работење на изборната администрација, агитација и пропаганда, говор на омраза, лажни вести, проблеми со Избирачкиот список, односно сѐ што граѓанките и граѓаните сметаат дека не е во согласност со нивното сфаќање за слободни, фер и демократски избори, можат да го пријават во ЦИВИЛ.

Пријавите може да поднесуваат деноноќно, на веб страницата Слободни избори, по електронска пошта (civil@civil.org.mk), во порака наФејсбук или на телефоните 02 / 5209 176, 070 734 044.

Не постојат информации што се неважни. Затоа, независно во кој формат да пристигнуваат: фотографија, видео, постови на социјални мрежи и друг вид комуникации, лично сведоштво или случка… Едноставно, сите информации се добредојдени.

Сите што сакаат да помогнат во изборниот мониторинг можат да се вклучат како долгорочни и краткорочни набљудувачи на ЦИВИЛ. Уште поважно: независно од тоа дали се поврзани со ЦИВИЛ како соработници, членови и поддржувачи, учесници на семинарите за граѓанско новинарство или пак веќе учествувале во изборните процеси како наши набљудувачи, сите свесни и совесни граѓанки и граѓани, здруженија, организации, па дури и институции, можат да придонесат кон одбрана на правото на глас и да ја алармираат јавноста и релевантните институции за нерегуларностите и на тој начин да помогнат изборниот процес да биде слободен, фер и демократски. Целото општество е повикано да се вклучи во заложбите за искоренување на говорот на омраза и лажните вести, пред последиците од нив да бидат несогледливи