Турција планира да вработи нови 20 илјади наставници

Сподели

thumbs_b_c_5b6ff019384735b19c46385e8c53054d

СИВАС (АА) – Турција планира да вработи 20 илјади нови наставници, откако по неуспешниот државен удар се суспендирани илјадници лица од образовниот сектор, јавува Anadolu Agency (AA).

„Ќе продолжиме со работата во училиштата кои се во сопственост на државата. На некои професори им се укинати работните дозволи. Нема да продолжиме со нив, туку со нови професори кои ќе бидат вработени од Министерството за образование. На учиниците им порачуваме дека никој од нив нема да биде оштетен. На нашите деца ќе пружиме подобро образование од претходното”, изјави турскиот минитер за образование Исмет Јилмаз на жителите на Сивас, кои се собраа на градскиот плоштад на „ Стража за демократијата”.

„Нема да дозволиме да страда ниту еден ученик”, изјави Јилмаз.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган објави дека повеќе од две илјади институции, поврзани терористичката организација ФЕТО се затворени. Тука спаѓаат 15 универзитети, повеќе од 934 училишта, 109 домови, 1 125 здруженија, 19 синдикати и 35 здравствени институции и организациии.

Ердоган изјави дека повеќе од 13,000 лица се суспендирани поради поврзаност со обидот за државен удар, вклучувајќи 1 485 полицајци, повеќе од 8,000 војници, 2,101 член на судството,52 началници и 689 цивили,

Воените офицери, пучисти лојални на терористичката организација ФЕТО/ПДЈ, се обидоа да извршат државен удар во Турција, во петок 15 јули, при што во таа прилика загинаа 246 лица, а ранети се околу 2 200.

Обидот за државен удар е спречен откатко голем број граѓани излегоа на улиците на Истанбул, Анкара и другите делови на светот и невооружени застанаа пред тенковите и оклопните возила со кои пучистите се обидоа да ја соборат демократски избраната власт.