Уапсен менаџер во „Касперски“

Сподели

 

Најголемата руска компанија за кибер безбедност соопшти дека нејзиниот менаџер Руслан Стојанов, задолжен за истражување хакерски напади е уапсен и обвинет за велепредавство.

Компанијата потврди наводи на Комерсант дека Стојанов бил уапсен во декември заедно со висок разузнавач од Федералната служба за безбедност. Двајцата се обвинети за велепредавство.

Портпаролка на Касперски наведува во соопштение дека апсењето на Стојанов „нема никаква врска со компанијата и нејзините оепрации“ и дека тие не се запознати со деталите од обвинението. Стојанов во 2000 година бил вработен во единицата за борба со кибер криминал во руското МВР.