Учество на МНР Димитров на Министерскиот совет на ОБСЕ во Братислава

Сподели

 

Делегација предводена од министерот за надворешни работи Никола Димитров ќе учествува на 26-от Министерски совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), што ќе се одржи на 5 и 6 декември 2019 година во Братислава, Словачка.

На Министерскиот совет, министрите за надворешни работи на земјите-членки на ОБСЕ ќе разменат мислења за работата и активностите на Организацијата во изминатиот едногодишен период, во рамките на Словачкото  претседавање со ОБСЕ. Воедно, се очекува да се усвојат и поголем број на одлуки и декларации што се однесуваат на делувањето во трите димензии на Организацијата: политичко – воената, економско – еколошката и хуманата димензија.

МНР Никола Димитров ќе има свое обраќање на Министерскиот совет и ќе ги претстави ставовите на Република Северна Македонија за актуелните прашања на агендата на Организацијата. Воедно, на маргините на Министерскиот совет, министерот Димитров ќе оствари средби со високите претставници на институциите на ОБСЕ, како и со министрите за надворешни работи на земјите-членки на Организацијата.