Укината забраната за продажба на алкохол по 19 односно по 21 часот

Сподели

Укината е забраната за продажба на алкохол во трговијата по 19, односно 21 часот, воведена во 2008 година, откако Собранието ги усвои измените на Законот за трговија, кои ќе стапат на сила осум дена по објавување во „Службен весник“.

Со најновите законски измени, што пратениците ги усвоија на вчерашната собраниска седница, се дозволува и продажба на алкохолни пијалаци во киосците, но останува забраната за продажба во продавниците во состав на бензинските станици.

Останува и забраната за продажба на алкохол на лица помлади од 18 години. За да можат да продаваат алкохолни пијалаци, трговските објекти и понатаму треба да поседуваат соодветни лиценци. Овие измени во Законот за трговија ги бараше Стопанската комора на Македонија.