Почна реконструкцијата на култниот објект кој ќе биде со современ архитектонски изглед, а ќе се гради по сите светски стандарди. Особено важно е задржување на автентичноста на Универзалната сала, по што сите ние ја паметиме, соопштуваат од Град Скопје.
“Со гордост можам да најавам дека Универзалната сала конечно се враќа на скопјани во својот препознатлив сјај”, изјави градоначалникот Петре Шилегов.
“Почнавме со реконструкција на култниот објект кој ќе биде со современ архитектонски изглед, а ќе се гради по сите светски стандарди. Особено важно е задржување на автентичноста на Универзалната сала, по што сите ние ја паметиме. А најважно од сѐ е да го вратиме духот на Скопје и сите оние фестивали и настани таму каде што припаѓаат!”, додаде Шилегов.