Центарот за физикална терапија „Валео“ од Охрид деновиве го прослави 10. роденден.
„Валео“ стои цврсто помеѓу болката и граѓаните на Охрид и Струга, но и поширокиот регион и целата држава. Спондилоза, дискус хернија, шилци, болки во вратот, грбот или во половината, лумбаго и ишијалгија, спортски повреди, руптури на мускули, тетиви и лигаменти, заздравување на фрактури. Ова се најчестите проблеми кои се решаваат во „Валео“, а за успехот зборуваат преку 4.000 задоволни пациенти.
Првата деценија успешна работа, од „Валео“ ја прославија и со промоција на нивниот сопствен производ – единствениот смарт уред во светот кој служи за корекција на искривувањето и држењето на горниот дел од грбот.
Станува збор за креација на Охриѓанец и е резултат од моето 10 годишно искуство, стекното од потребите и побарувањата на пациентите, истакна сопственикот и главниот „виновник“ за успехот на „Валео“ Михаил Шишкоски.
– Ова е иновација, односно „смарт уред“ за која што допрва ќе се зборува. Ќе се зборува за тоа дека е единствениот смарт уред во светот наменет за корекција на искривување и држење на горниот дел од грбот, кој ги скенира сите движења на горниот дел од ‘рбетот. Ќе се зборува за тоа дека единствениот смарт уред во светот кој што со помош на вештачка интелигенција на секој корисник му дава индивидуални персонализирани вежби за корекција на држењето на телото и за зајакнување на мускулатурата на грбот доаѓа од Македонија. Уредот е веќе во завршна фаза, тестирањата на прототипите поминаа одлично и се надевам дека за скоро време ќе ја одржиме и официјалната промоција на „Физио Скилс“ – Коректорот на држење на телото, потенцираше Шишкоски.