,,Вдоми” затоа што животот е поубав со куче

Сподели

Денес во нашата кампања и со помош на Едина Муса и даваме видливост на Хани, на нејзината борбеност за живот и неверојатна убавина.

Хани е неколку месеци во нашето прифатилиште и пристигна после одредено лекување заради повреда на автопат по удар од автомобил.

Заради нејзиниот прекрасен карактер и поради тоа што автопат не е локација каде ниедно куче треба да заврши останува со нас.

Она е мешанец од шарпланинец, куче кое одлично би се вклопило во дом со дворче и фамилија која сака миленик што не бара огромна физичка активност туку како и секое – љубов и многу галење.

Како и сите наши кучиња така и Хани е стерилизирана, редовно вакцинирана и прочистена од надворешни и внатрешни паразити.

Споделете, за следниот што ќе застане пред нејзиниот кафез да биде нејзиниот човек, љубов и дом.
Затоа што животот е поубав со куче!